Пробавме уштипци во кајмак, по рецептот на градската кафеана Калабалак Парк

Точка

25/06/2018

11:19

14.064

Големина на фонт

а а а

Оние кои уживаат во вкусната храна и прекрасната атмосфера на скопскиот боемски живот веќе сигурно биле гости во градската кафеана Калабалак. Приказната сега продолжува и во Градскиот парк во Скопје. На местото на некогашниот ресторан Скала, сега ноќниот живот на скопските боеми го збогатува кафеаната Калабалак Парк.

Во една прилика решивме да ја посетиме Калабалак Парк и да пробаме нешто интересно од нивното мени. Седнавме на терасата на која навистина преовладува пријатна атмофера со убава музика. Угостителите беа многу учтиви и пријатни. Во консултација со нив, решивме да пробаме еден специјалитет за кој слушнавме дека во Калабалак одлично го приготвуваат, а тоа е Уштипци со кајмак.


Порцијата уштипци содржи 300 г. мелено месо од кое се формираат околу пет парчиња. Во смесата се става кашкавал кој при готвењето се растопува и му дава уште поубав вкус на самото месо. Секој формиран уштипак се намотува во парче сланина и така подготвени, се ставаат на скара. На крај се додава и кајмакот, чиј вкус се претопува со оној на месото и кашкавалот и се добива одлична и несекојдневна комбинација. Наша препорака е да ја посетите Калабалак Парк и да го пробате ова вкусно јадење.