Хан го поздрави ратификувањето на договорот

Макфакс

20/06/2018

19:43

2.043

Големина на фонт

а а а

Европскиот комесар за проширување на унијата, Јоханес Хан го поздрави ратификувањето на договорот меѓу Атина и Скопје за името на Македонија.

„Ова е првиот од многуте чекори кон целосна имплементација. Верувам дека политичките лидери ќе покажат лидерство и сила за следните чекори“, наведе Хан на „Твитер“.

Претходно денеска, со 69 гласа „за“, без против и воздржани, пратениците во македонското Собрание го ратификуваа договорот за името со Грција. На седницата не присуствуваа пратениците од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.



Спонзорирани линкови

Маркетинг