Отпуштените работници масовно му се заблагодаруваат на Илон Маск, а еве како изгледа работата во Тесла

Точка

20/06/2018

15:54

7.384

Големина на фонт

а а а

Откако Илон Маск по пат на Твитер најави дека ќе отпушти над 3 илјади работници на Тесла, тој започнал со таквата практика. Она што е најинтересно во целата приказна се реакциите на неодамна отпуштените работници.

"Вчера добив отказ од Тесла и многу ми е тешко, но тоа е добра работа за компанијата. Не жалам за ништо, оваа порака е мојот последен допринес за Тесла. Ќе навивам за нив бидејќи знам дека дадов се од себе. Ви благодарам за спомените кои ќе ми останат по сите овие години работа", напишал еден од поранешните вработени на Твитер, но тој не бил единствен. 

##https://twitter.com/seekevinrun/status/1006605750804680705##

"Илон, ти благодарам на приликата. Фокусирај се на мисијата. Секогаш ќе бидам благодарна што работев за Тесла", напишала друга вработена.

##https://twitter.com/kels_r/status/1006661574671532032##

"Сакам да знаеш дека навистина уживав да работам во Тесла", бил уште еден од коментарите.

Бидејќи таквите реакции се прилично необични за луѓе кои неодамна останале без работа, "Vice" одлучил да провери како е да се работи во Тесла. Тие спровеле интервју со еден од вработените кој започнал да работи во компанијата веднаш откако завршил со студиите.

"Луѓето тука доаѓаат да ја завршат работата за која се платени. Што се однесува до објавите, мислам дека тие само сакаат да дадат до знаење дека се гордеат со досегашната работа во Тесла и дека ќе се снајдат. Луѓето од оваа бранша обично наоѓаат нешто ново бидејќи искуството во оваа компанија високо се вреднува на пазарот на труд".


Што се однесува до самата работа, иако нема искуство во други компании, вработениот смета дека работните услови не се разликуваат многу од другите компании, но дека Тесла им е интересна на критичарите поради ексцентричноста на Маск и неговите амбициозни мисии.

"Не се бара строго почитување на корпоративните структури, се случува некогаш Илон да дојде во фабриката и да види како стојат работите, а кога постои проблем, тој се труди да го реши тоа. Некои луѓе реагираат на него, некои не го ни препознаваат. Тие едноставно ја вршат својата работа во производствените погони", изјавил тој.

На прашањето што мисли за отказите на вработените и личното богатство на Маск од 20 милијарди долари, тој одговорил:


"Тесла веќе петнаесет години се соочува со губиток, а основната причина за отказите не е само заштеда. Искрено, отпуштија луѓе кои според мене имаа битна улога во компанијата, но и такви кои заработуваа само преку туѓиот труд. Не можам да кажам кој заслужува да има богатство, а кој не. Постојат менаџери кои заработуваат милиони и луѓе на понизок ранг кои извршуваат потешка работа, но сите тие вредно работеле за да стигнат до таа позиција. Што се однесува до Маск, тој не бара некој од страна да му ја финансира компанијата. Тој е деловен човек кој вложува средства во својата компанија, но кога компанијата е во ваше сопствеништво, секако дека ќе мислите дека заслужувате да профитирате повеќе отколку луѓето кои работат за вас".



Спонзорирани линкови

Маркетинг