Мрачни детали за животот во вилата: "Бевме затвореници во собата на Хефнер, пиевме и чекавме секс"

Точка

20/06/2018

21:32

14.534

Големина на фонт

а а а

Опкружен со многубројни убавици секој ден од утро до мрак, однадвор се чинело дека животот во Плејбој вилата била идеална и за Хју Хефнер и за неговите зајачици.

Неполна година откако Хефнер почина во својата 92-ра година, зајачиците одлучиле да проговорат за мрачната страна на животот со него во документарниот филм кој моментално се снима. 


"Некои девојки се одлучија да раскажат лоши работи за него. Чув дека многу од девојките биле со него во малечката соба. Некогаш држеше осум девојки во собата кои го чекаа својот ред за секс. За среќа јас успеав да го одбегнам тоа", изјавила поранешната зајачица Карла Хоу која во разговор со медиумите го открила претстојниот документарец.

Хефнер гласел за човек кој ужива во благодетите на животот, но очигледно знаел да претера, што јавноста сега ќе може да го види тоа. Меѓу првите девојки кои јавно истапиле за односот на Хју кон зајачиците била Холи Медисон, која седум години живеела во вилата.

"Морав да се преправам дека мојот живот е совршен, а бев ужасно несреќна. Вики носеше мноштво жени во неговиот кревет со цел таа да не биде со него", открила Холи пред три години во својата автобиографија.

Кендра Вилкисон исто така е поранешна зајачица која имала непријатно и помалку злоставувачко искуство со него.

"За да преживеам ноќ со него морав да бидам пијана и издрогирана. Не можев да го избегнам тоа, па затоа тоа беше единствениот начин", признала Кендра која ја напуштила вилата во 2009 година.

За овој документарен филм ќе биде потребно да се пронајде актер кој ќе го глуми Хефнер, а во јавноста веќе се шират гласини дека тоа би можел да биде Џеред Лето.



Спонзорирани линкови

Маркетинг