Столтенберг: Никаде не е издлабено во камен дека Алијансата ќе напредува

Макфакс

19/06/2018

14:48

1.256

Големина на фонт

а а а

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, цени дека не е сигурно дека западниот воен сојуз и трансатлантските односи ќе преживеат.

Столтенберг во текст за британски „Гардијан“ наведува дека политичките темни облаци не смеат да ја ограничуваат и негативно да влијаат врз безбедносната соработка, мислејќи притоа на разликите кои во изминатиов период се јавуваат меѓу САД и европските земји.

Разликите меѓу САД и другите западни земји во поглед на трговијата, климатските промени и иранскиот нуклеарен договор се реални и нема да исчезнат преку ноќ, смета првиот човек на Алијансата.

Меѓутоа, тој наведува дека разликите во мислењата не се ништо ново, потсетувајќи на повеќе спорови во НАТО, од кој последниот се однесуваше на војната во Ирак во 2003 година.

„Никаде не е издлабено во камен дека трансатлантските врски ќе напредуваат, но тоа не значи дека распадот е неизбежен. Можеме да ги задржиме сите заеднички придобивки што ги имаме од нив“, додава Столтенберг.

Според генералниот секретар на НАТО, со создавањето на Алијансата пред 70 години, луѓето од Европа и Северна Америка уживаат долг и спокоен период на мир и просперитет.



Спонзорирани линкови

Маркетинг