Доктор ѝ го спасил животот откако ја видел на телевизија и забележал нешто необично

Точка

16/06/2018

14:56

8.234

Големина на фонт

а а а

Еден хирург од Њујорк ѝ го спасил животот на една жена, препознавајќи ги симптомите на опасната болест додека таа гостувала на телевизија.

Никол МекГинес учествувала во ТВ емисијата "Beach Front Bargain Hunt" кога познатиот хирург Ерик Воигт забележал грутка на нејзиниот врат и ги препознал симптомите на опасната болест. 

Експертот веднаш сфатил дека постојат големи шанси Никол да има тумор на штитната жлезда. Го пронашол нејзиниот профил на социјалните мрежи и ја контактирал, објаснувајќи ѝ дека треба веднаш да посети лекар.

Таа го послушала и дознала дека докторот е во право. За среќа, туморот бил навреме откриен.

Д-р Воигт и Никол се запознале во една емисија во која таа му се заблагодарила што ѝ го спасил животот бидејќи не знае колку би чекала за сама да посети лекар и да го провери своето здравје.



Спонзорирани линкови

Маркетинг