Фаворитот дојде до посакуваниот резултат: Хименез ги растажи „фараоните“

Дерби

15/06/2018

19:02

810

Големина на фонт

а а а

Селекцијата на Уругвај го оправда статусот на фаворит и успеа да се избори за првите три бода на Светското првенство во Русија.

Составот од Јужна Америка иако потешко од очекувањата најде начин да го добие Египет со 1-0 и тоа со погодок во самиот финиш од натпреварот. Имено во 90 минута стоперот на Атлетико Мадрид, Хосе Хименез највисоко скокна во шестнаесетникот и со глава ја смести топката во мрежата на „фараноните“ кои овој дуел го одиграа без најголемата ѕвезда Мохамед Салах кој остана на клупата за резерви.

Инаку на мечот далеку поконретен беше Уругвај, меѓутоа Суарез и Кавани не ги искористија своите можности. Сепак на крајот Хименез се најде на вистинско место и сега двократниот светски шампион е на делба на првото место во групата А заедно со Русија која вчера славеше со 5-0 над Саудиска Арабија.



Спонзорирани линкови

Маркетинг