Vivo NEX: Дознаје зошто овој телефон е „вистинска револуција“

Точка

14/06/2018

16:46

4.321

Големина на фонт

а а а

Станува збор за телефон со голем екран кој што има „скриена“ селфи камера, нема класични звучници, а сензорот за отпечатоци на прсти е сместен под самиот екран.

Моделот NEX кој што од кинеската компанија го нарекуваат „вистинска револуција“ меѓу паметните телефони, доаѓа со екран со дијагонала од 6,59 инчи (станува збор за Super AMOLED екран со резолуција од 2316 х 1080 пиксели), екран кој што зазема 91% од предната површина на телефонот.

Станува збор за телефон со веројатно најмалите рабови околу екранот на светот, а од Vivo успеале да го направат тоа со што од предната страна е целосно отстранета селфи камерата, го нема класичниот звучник, а сензорот за отпечатоци на прсти е сместен под екранот.

Со оглед на тоа што нема камера на предниот дел и ги нема сензорите и звучникот, тоа значи дека Vivo NEX го нема „озлогласениот заб (notch)“.

Но, селфи камера има – таа е сокриена во самиот телефон и кога ќе сакате да направите селфи, таа излегува од горниот дел на телефонот. Резолуцијата на оваа селфи камера изнесува 8 мегапиксели.


Што се однесува до останатиот хардвер, Vivo NEX доаѓа со Snapdragon 845 процесор, 8 GB RAM меморија и до 256 GB интерна меморија. На задната страна се сместени две камери од 12 и 15 мегапиксели, а за што е можно подобра фотографија се грижи вешачката интелигенција. Покрај тоа, телефонот располага со батерија со капацитет од 4000 mAh и гласовен асистент наречен “Jovi”.

Овој телефон ќе се продава по цена од 700 долари за моделот со 8 GB RAM и 128 GB интерна меморија, додека моделот со 256 GB интерна меморија ќе чини 780 долари.



Спонзорирани линкови

Маркетинг