Роби Вилијамс ќе настапи на отворањето на Светското првенство во фудбал

Точка

14/06/2018

14:57

1.610

Големина на фонт

а а а

Британскиот музичар Роби Вилијамс најави дека ќе настапи на отворањето на овогодишното отварање на Светското првенство во фудбал.

Познат по хитот “Angels”, поранешниот член на групата “Take That”, ќе настапи пред околу 80.000 луѓе на стадионот Лужњики пред почетокот на натпреварот меѓу Русија и Саудиска Арабија. На сцената ќе му се придружи и руската оперска пејачка Аида Гарифулина со која ќе изведат дует.  

„Многу сум среќен и возбуден што повторно ќе дојдам во Русија за ден ваков спектакл“ - напиша Вилијамс на својот трвитер профил.

„Многу работи сум направил во текот на мојата кариера, но отворање на Мундијалот пред 80.000 луѓе на стадионот и милиони гледачи ширум светот е остварување на детскиот сон“ - изјави Вилијамс за Daily Star и ги покани љубителите на фудбалот и музиката да се придружат на забавата во Русија.



Спонзорирани линкови

Маркетинг