Широките панталони ја кријат тајната на Ким: Севернокорејскиот претседател „ја штелува“ својата висина

Точка

14/06/2018

10:30

7.470

Големина на фонт

а а а

Биографијата и личните податоци за лидерот на Северна Кореја не се познати за пошироката јавност, но сепак, неговото често појавување надвор од границите на својата земја, започна да открива по некои тајни.

Имено, досега јавноста често се интересираше за висината на севернокорејскиот лидер, затоа што јасно е дека официјалните податоци и не се така исправни кога Ким Јонг Ун ќе се појави во живо на некоја средба.


Кога неодамна се сретнаа Ким Јонг Ун и Мун Џае Ин, камерите забележаа дека лидерот на Јужна Кореја е повисок за неколку сантиметри од својот севернокорејски колега. Поради тоа, стана јасно дека податокот дека Ким е висок 170 сантиметри е неточен, затоа што официјалниот податок за висината на јужнокорејскиот претседател изнесува 167 сантиметри. Тоа значи дека Ким „си додал“ некои 5 сантиметри на својата реална висина.

Најновите снимки направени за време на историската средба на Ким Јонг Ун и Доналд Трамп во Сингапур, случајно открија и како лидерот на Северна Кореја успева да додаде сантиметри на својата висина и „во живо“.


Под широките пантолони, многумина забележале дека Ким Јонг Ун носи посебни чевли со подигнати потпетици со цел тој да изгледа повисок. На фотографиите така е намалена реалната разлика во висината на Ким и Трамп. Според официјалните податоци, Трамп е висок 190 сантиметри, а во заедничкото фотографирање никој не доби впечаток дека нивната разлика е цели 25 сантиметри.

Сепак, Ким Јонг Ун не е единствениот државник кој што се обидува да „излаже“ кога станува збор за неговата висина. Познато е дека поранешниот претседател на Франција, Никола Саркози, проблемот со висината го решаваше на сличен начин – со двојно повисока потпетица од вообичаено.




Спонзорирани линкови

Маркетинг