Новиот телефон на Huawei ќе има екран од речиси 7 инчи

Точка

13/06/2018

17:36

1.858

Големина на фонт

а а а

Новиот паметен телефон кој што наскоро ќе го претстави кинеската компанија Huawei има дијагонала на екран која што досега беше „резервирана“ само за таблетите.

Кога Самсунг на „ИФА“ саемот во 2011-та година го претстави Galaxy Note, телефон со кој што започна ерата на таканаречените „фаблети“, односно хибриди помеѓу паметни телефони и таблети, голем дел од експертите сметаа дека таков уред тешко ќе успее на пазарот поради преголемиот екран.

Сепак, денес во 2018-та година, екран со дијагонала од 5,3 инчи колку што изнесуваше дијагоналата на екранот на Galaxy Note, според стандардите е дури и под просекот. Последната серија – Galaxy Note 8 има дијагонала од 6,3 инчи, а „деветката“ веројатно ќе пристигне и со уште малку поголем екран.


Поради тоа, Huawei ќе го следи трендот на зголемување на екранот, а денес тоа е значително полесно затоа што генерално, димеезиите на самиот телефон не се менуваат драстично, туку само се зголемува екранот на целата површина од предната страна, односно се намалуваат екраните најмногу што може.

Според гласините, Huawei се подготвува за лансирање на паметниот телефон со најголем екран досега – дијагоналата ќе биде точно 6,9 инчи, а на пазарот ќе пристигне во текот на последниот овогодишен квартал, или најдоцна на почетокот на идната година.


Со оглед на тоа што Huawei кон крајот на годината ги претставува моделите “Mate”, овој 6,9 инчен модел би можел да биде “Mate 20”, односно “Mate 20 Pro”, што значи дека освен големиот екран по кој што ќе се разликува од конкуренцијата, можеме да очекуваме и врвен хардвер.



Спонзорирани линкови

Маркетинг