Трамп бил три пати оженет и обожува газирани пијалаци, а Ким има еден брак и ужива во виното - сепак, имаат една заедничка работа

Точка

13/06/2018

12:06

3.693

Големина на фонт

а а а

Американскиот претседател Доналд Трамп и лидерот на Северна Кореја, Ким Јонг Ун, се разликуваат по многу работи, од годините и исхраната па се до љубовниот живот и интересите. Но сепак, имаат и нешто заедничко.

Трамп по средбрата со Ким изнел низа комплименти на негова сметка, велејќи дека е талентиран и способен и додал дека веднаш се сложил со него. И лидерот на Пјонгјанг ја потврдил оваа информација, додавајќи дека Трамп го разбрал. 

Преговорите, кои во медиумите ширум светот се оценети како историски, ги водеа лидери кои се разликуваат по многу нешта.

Омилена храна

Општо познато е дека омилената вечера на Трамп се два "Биг Мека", два рибји хамбургери и чоколаден милкшејк, додека омиленото јадење на Ким е "решти", швајцарска палачинка од компир. Освен тоа, тој е опседнат и со европските сирења.


Кој пие алкохол?

Американскиот претседател ретко консумира алкохол, а својот начин на живот го припишува на губењето на постариот брат Фред Трамп Џуниор кој починал од алкохолизам во своите рани 40-ти години. Тој често консумира газирани сокови, додека за разлика од Трамп, Ким го обожува виното.

Бракови

Трамп низ животот го поврзувале со многу жени, а аферите околу неговиот љубовен живот не стивнуваат ниту денес, кога американскиот претседател има 72 години.

Порно актерката Сторми Даниелс неодамна раскажала дека Трамп ѝ исплатил голема сума на пари за да молчи за нивната афера која тие ја имале додека неговата сопруга Меланија била бремена. Трамп се женел три пати, а од браковите има пет деца.


Од друга страна, за љубовниот живот на севернокорејскиот лидер малку се знае. Тој во 2009 година се оженил со пејачката Ри Сол Ју и имаат три деца. 

Спорт

Трамп е љубител на голфот, додека Ким е љубител на кошарката. Тој го засакал овој спорт во 90-тите години, во текот на посетата на Швајцарија. Неговата љубов кон кошарката довела до тоа Денис Родман, поранешна НБА легенда, да е негов добар пријател.


Луксуз

Иако Трамп и Ким се разликуваат по многу работи, она што им е заедничко е луксузот и раскошот во кој тие живеат. Ким целиот живот го поминал како наследник на лидерот на Северна Кореја, па со тоа пораснал во палата во центарот на Пјонгјанг. Исто така, познато е дека Трамп пред да стане претседател, бил успешен бизнисмен чие богатство се проценува над 3 милијарди долари.



Спонзорирани линкови

Маркетинг