Катастрофа во Венецуела: Речиси 920 загинати, милиони луѓе погодени

Макфакс

27/06/2026

18:50

164

Големина на фонт

а а а

Во Венецуела се случи сериозна катастрофа поради силни земјотреси кои предизвикаа речиси 920 загинати и директно погодија околу седум милиони луѓе. Хуманитарната состојба е критична и странски спасувачи се приклучија на напорите за помош.

Околу седум милиони луѓе можно е да се директно погодени од разорните земјотреси во Венецуела, според проценките на Обединетите нации.

„Најмалку 6,76 милиони луѓе може да бидат директно погодени од разорните земјотреси што ја потресоа Венецуела на 24 јуни. Потенцијалниот ефект од тоа може да е хуманитарна катастрофа“, соопшти Меѓународната организација за миграција, агенција на Обединетите нации.

Тоа беа најсилните земјотреси во последните повеќе од сто години, едниот со јачина од 7,2 степени, а другиот со јачина од 7,5 степени. Бројот на жртви досега достигна речиси 920, а илјадници луѓе, вклучително и странски државјани, се водат како исчезнати. Повеќе од 3.300 луѓе се повредени, а 243 се спасени.

Во меѓувреме, Владата во Каракас соопшти дека 1.600 странски спасувачи пристигнале во Венецуела за да помогнат во потрагата по преживеани.