Најмалку 629 мигранти спасени во Средоземното Море

Макфакс

11/06/2018

15:28

799

Големина на фонт

а а а

629 нерегистрирани мигранти се спасени од Средоземното Море, соопшти во неделата Европската агенција за спасување мигранти.

„По бурната ноќ на Средоземното Море, спасивме 629 мигранти, од кои 123 малолетни лица без придружба, 11 деца и 7 бремени жени. Бегалците беа спасени во шест одделни операции и веќе се префрлени на бродот ‘Аквариус’“, се вели во изјавата на „Твитер“.

„Откако спасивме 229 лица, на бродот качивме уште 400 мигранти, кои претходно ги спасила италијанската морнарица“, изјавија од невладината спасувачка организација.

Невладината организација „С.О.С Медитеран“ пренесе дека бродот ‘Аквариус’ чека понатамошни инструкции за да ги пренесе мигрантите безбедно до брегот.

Минатиот месец миграциската агенција на ОН соопшти дека досега загинале 655 мигранти во Средоземно море.



Спонзорирани линкови

Маркетинг