Неколку работи што треба да ги знаете за преубавиот Мексико

Точка

11/06/2018

14:25

8.263

Големина на фонт

а а а

Мексико има прилично лоша репутација во медиумите, кои го прикажуваат како место од кое доаѓаат само лоши вести. Меѓутоа, овие стереотипи и не се баш блиску до реалноста во Мексико.

Мексико е всушност втората најголема економија во Латинска Америка, а стапката на убиства не е ни приближно толку голема како во некои околни земји.  

Всушност во Мексико се случуваат многу позитивни работи кои многу често не стигнуваат до медиумите, кои се повеќе заинтересирани за убиства на нарко-дилери.


Мексико ни го дава чоколадото

Заедно со пченката, авокадото, чили пиперките, текилата и многу други неверојатни намирници, чоколадото исто така ни доаѓа од таму.

Мексико е земјата со најголем број на луѓе кои зборуваат шпански

Со популација од 112 милиони луѓе, Мексико е земјата со најголем број на луѓе кои зборуваат шпански.


Мексико има неверојатен културен диверзитет

Иако Мексико е земјата со најмногу луѓе кои говорат шпански, тоа не е единствениот јазик кој се зборува. Во Мексико постојат уште 60 други јазици кои можете да ги чуете на улиците.

Мексико Сити е огромен

Доколку големината Ве импресионира, веројатно Мексико Сити сигурно ќе Ве воодушеви. Со околу 20,5 милиони жители, ова е еден од најголемите градови на светот. Оваа масивност поседува и долга историја, кога Шпанците пристигнаа во 16 век во Теночтитлан, срцето на царството Ацтеки, каде се наоѓа Мексико Сити, што можеби беше еден од најголемите урбани простори на светот.


Мексико има неверојатен туризам

Плажи? Рушевини? Планини? Кулутрен диверзитет? Неверојатна храна? Мексико го поседува сето ова и навистина можете да уживате во овој рај.

Не е толку насилен колку што мислите

Бројката на убиства во Мексико е посебно голема според стандардите на Латинска Америка. Мексико имал 23,7 убиства на секои 100.000 становници во 2011 година судејќи по Обединетите Нации. Тоа е всушност ист број на убиства како и во Бразил и Детроит. Многу други места имаат значително повеќе бројки, вклучувајќи ги Порторико, Бахамите и Јамајка.


Има филмска индустрија во подем

Многумина од нас веќе се запознаени со успесите на Селма Хаек и режисерот Гиљермо дел Тороа. Меѓутоа, овие ѕвезди претставуваат само мал дел од она што филмската индустрија во Мексико има да понуди.

Дом е на неколку од најстарите цивилизации

Прва голема цивилизација во Мексико беа Олмексите, кои настана во 1200 година пред Христос.




Спонзорирани линкови

Маркетинг