Променливо облачно време со услови за дожд во попладневните часови

Макфакс

10/06/2018

11:46

1.650

Големина на фонт

а а а

Времето денеска ќе биде променливо облачно, информираат од управата за хидрометеоролошки работи.

Оттаму додаваат дека претпладне, кон југ ќе има почести сончеви периоди. Попладне, особено во планинските региони на исток и на запад, но и на север, ќе има повремени врнежи од дожд и грмежи. Утринските температури ќе се движат од 12 до 19, а максималните дневни од 25 до 32 степени Целзиусови.

Во Скопје променливо облачно, претпладне со почести сончеви периоди, а попладне со услови за краткотрајна нестабилност со повремени врнежи од дожд и ретки грмежи. Температурата ќе достигне до 30 степени.

До среда, услови за нестабилност ќе има претежно во западните делови. Од среда се очекува повторно зголемување на нестабилноста, со пороен дожд и грмежи.