Партизанска претворена во езеро, сообраќајот во хаос

Макфакс

09/06/2018

13:40

4.278

Големина на фонт

а а а

Булеварот Партизански одреди е целосно поплавен, а возилата се движат отежнато, по невремето што попладнево го зафати главниот град.

Насекаде има откорнати дрвја, расфрлани предмети и уништени автомобили…

Откорнато дрво од силниот ветер го блокираше сообраќајот во населбата Острово на крстосницата во близина на основното училиште.

Дрвото е паднато на тротоарот но и на коловозот, поради што возилата неможат да се движат.

Подвозникот на булевар Кочо Рацин е целосно под вода. Сообраќајот е во прекин поради големото количество вода насобрано по силното невреме.

Надлежните се на терен за да се санираат последиците од невремето.