ВИДЕО/ФОТО: Метоаларм: После силното невреме во Словенија, временските непогоди го погодија и Скопје! Летале и покриви од куќи!

Точка

09/06/2018

12:49

8.998

Големина на фонт

а а а

После огромната штета во Словенија, невремето се помести кон Хрватска проследено со огромен град и дождови, а во Истра се забележани силни грмотевици и дожд со град. Низ целиот регион е прогласен метеоаларм, а сега невремето стигна и кај нас.

Невреме има и во Црна Гора , каде се забележани струења на ветрот наречени ,,пијавици “ во Бока Которска и тоа во Мељине, Поде и Каменари. Таму има и големи оштетувања на куќите и другите објекти. На аеродромот во Тиват биле оштетени и два помали авиона, кои биле паркирани на пистата.

Страшно и силно невреме проследено со обилен дожд го зафати и Скопскиот регион претпладнево. Невремето е проследено и со појава на град, а предизвика и огромна материјална штета на голем број автомобили. Од УХМР информираат дека ветерот достигнува повремено брзина и над 80 киломери на час.

Во населбата Аеродром летнале и покривите на некои објекти по улиците, загрозувајќи го животот на граѓаните.



Во Карпош пак улиците се претворија во реки, поради лошата атмосферска канализација, пишуваат граѓаните.

Полиција ја обезбедува познатата главна скопска улица Илинденска, бидејќи од силниот ветер и невремето падна дрво сред булеварот.


Сообраќајот се одвива отежнато, а полицијата ги пренасочува автомобилите кои секако возат многу споро заради водата по улиците и силниот дожд и ветер. 

Многу граѓани веќе пишуваат на социјалните мрежи за слични ситуации или уште поголеми штети.


Во Македонија денеска ќе преовладува променливо облачно и нестабилно време, на повеќе места со пороен дожд и грмежи.

Поинтензивни процеси се очекуваат попладне во источните делови, каде локално ќе има пообилен пороен дожд, електрични празнења, засилен ветер и услови за појава на град. Минималната температура ќе се движи од 13 до 20 степени, максималната од 24 до 32 степена.

Во Скопје, ќе биде променливо облачно околу пладне и попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи, со температура од 18 до 29 степени.

Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) информира дека утре ќе се задржи променливо облачно и малку посвежо време но оти условите за нестабилност ќе бидат помали, така што ќе има повремен пороен дожд и ретки грмежи. До среда ќе има услови за нестабилност претежно во западните делови, но тие ќе бидат намалени. Од среда се очекува повторно нестабилно време со пороен дожд и грмежи. Утре ќе биде малку посвежо, а потоа до среда дневните температури ќе бидат во пораст. Од четврток повторно ќе биде посвежо.