Османи: Прерано е да се каже кој ќе биде исходот од преговорите, последните метри се најкритични

Макфакс

08/06/2018

11:13

1.549

Големина на фонт

а а а

Наредните часови ќе бидат клучни за одлучување за исходот од преговорите меѓу Македонија и Грција. Сметам дека е прерано да се каже кој ќе биде исходот, но сметам дека се последните метри на еден 25 годишен маратон, а обично последните метри се најкритични, изјави вицепремиерот задолжен за економски прашања, Бујар Османи.

Тој вели дека и од двете страни има волја за затворање на ова прашање и дека од страна на двете влади има активен ангажман. „Мое чувство е дека разликите се повеќе во интерпретацијата на напишаното отколку во генералните принципи кои што ги искажуваат страните во разговорите“, рече Османи.

Тој повика на разбирање и внимателност од сите бидејќи, како што рече, во последните критични чекори многу е лесно да се измести фокусот.

Овој месец е многу важен за Македонија, порача Османи

Вицепремиерот задолжен за европски прашања, Бујар Османи, истакна дека овој месец е многу важен и дека ќе ја одреди иднината на државата.

„Нашите цели не се само затворање на политичките спорови туку и суштински промени во државата. Ова е генерациска обврска што ја добивме од граѓаните од сите етнички заедници“, рече Османи на прес-конференцијата на која зборуваше за Планот 18 кој денеска ќе биде презентиран пред невладините организации и опозицијата.

Османи рече дека Планот 18 сè уште е во „драфт“ верзија и на некој начин е продолжение на Планот 3-6-9, кој заврши со препорака од Европската комисија. Планот 18, како што кажа Османи, ќе се однесува на реформи во правосудството, јавната администрација, безбедносните служби, спавување со нелегални миграции и економијата.

Османи додаде дека во Планот 18 ќе бидат додадени сите препораки од европскиот извештај.

„Од Планот 3-6-9 видовме дека Македонија има потенцијал, кој доколку се стави во рамка, може да се постигнат чуда. Ние успеавме во тоа – од земја која беше на работ на амбис, направивме земја со иднина. Реформите и интеграцијата ги разбираме како суштински промени кон европските стандарди“, рече Османи.