Најмногу дожд наврна во Тополчани, Берово и Лазарополе. Најтопло беше во Гевгелија – 33 степени, а најстудено во Лазарополе – 20 степени.
Околу пладне како и во попладневните часови под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса, најпрво беа зафатени североисточните делови како и на повеќе места во планинските предели каде имаше краткитраен пороен дожд со грмежи. Облачната маса се движи од север кон југ и југоисток и на повеќе места условува проен дожд и грмежи.Во Скопската котлина имаше зголемена облачност со грмежи. Попладнево пороен дожд со грмежи имаше и во северозападните , централните како и во југоисточните делови и во Прилепскиот регион имаше пообилен пороен дожд со грмежи. Во моментов локален пороен дожд со грмежи има во централните делови.
До крајот на денот ќе биде променливо облачно, со локален пороен дожд и грмежи. Во вечерните и ноќните часови ќе настапи стабилизирање на времето.Ќе дува слаб ветер од северен правец.