СДСМ: Нервоза во ВМРО-ДПМНЕ, штaнцаат непостоечки случаи за да го покријат скандалот со Мицкоски

Макфакс

06/06/2018

18:09

1.741

Големина на фонт

а а а

Во ВМРО-ДПМНЕ владее нервоза и затоа штанца измислени лажни случаи и шири лажни вести. Граѓаните гледаат еден очаен обид на ВМРО-ДПМНЕ, преку измислени лажни случаи, да го покрие скандалот на Христијан Мицкоски, кој ги лажеше граѓаните, се вели во реакцијата на СДСМ.

Според владејачката партиија, тешко дека ВМРО-ДПМНЕ може да побегне од лагите на Мицкоски. „Граѓаните очекуваат извинување, особено откако самиот Мицкоски призна дека земал пари додека му бил советник на Груевски и тоа ги чинело граѓаните околу 2 милиони денари. ВМРО-ДПМНЕ уште еднаш покажува дека нема никаква идеја, никаква програма и визија, нема што да им понуди на граѓаните. Целосното нивно политичко делување се заснова единствено налични клевети и обиди за неосновано оцрнување на претседателот на СДСМ и премиер, Зоран Заев и неговото семејство. Ова е истата матрица која Никола Груевски ја спроведуваше цели 11 години. Измислените наводи на ВМРО-ДПМНЕ објавени денеска, вклучително и за споменатите компании, се уште еден во низата лажни вести кои немаат никаква врска со реалноста“, се вели во реакцијата.