Костадинов: По признавањето дека зел пари, Мицкоски треба да им се извини на граѓаните за тоа што ги лажеше

Макфакс

06/06/2018

14:00

1.617

Големина на фонт

а а а

Oд СДСМ обвинуваат дека Христијан Мицкоски во телефонска изјава за еден национален медиум признал дека зел пари додека му бил советник на Никола Груевски.

„Ова негово лично признание потврдува дека Христијан Мицкоски ги излажа граѓаните. Јавно објавените документи покажуваат дека Мицкоски, додека му бил советник на Груевски, зел пари од буџетот и тоа ги чинело граѓаните околу 2 милиона денари. Додека граѓаните осиромашувале, додека се уништувала економијата и се трупале огромни долгови, граѓаните плаќале 2 милиона денари за Христијан Мицкоски“, порача Костадин Костадинов од СДСМ.

Тој нагласи дека Мицкоски без никаков срам кон оние од чии пари бил плаќан, кон граѓаните, на ТВ-дуелот лажно тврдел дека работел про боно, односно без надомест. Вчера, како што рече Костадинов, Мицкоски призна дека зел пари додека му бил советник на Груевски, пари на граѓаните.

„Го повикуваме Мицкоски да не се крие зад конфузни соопштенија од неговата партија, туку да излезе пред граѓаните и да им се извини. Христијан Мицкоски е должен да им се извини на граѓаните затоа што ги излажа. Тоа е најмалку што Мицкоски може да го направи пред граѓаните, пред оние што го плаќале неговиот ангжаман како советник тежок 2 милиона денари“, додаде Костадинов.