Интересно видео кое ги предвидува финалињата наредните 30 години: И повторно Кливленд и Голден Стејт

Дерби

05/06/2018

11:53

1.953

Големина на фонт

а а а

Голден Стејт Вориорс го растури тимот на Кливленд Кавалирс со резултат од 122:103 и поведе со 2:0 во финалната серија од разигрувањето за титулата. Иако Кливленд напаѓаше и успеваше да и се доближи на екипата на Голден Стејт, сепак тука беа разиграните Стеф Кари, Кевин Дурант и Клеј Томпсон.

Но, како што се игра разигрува финалето, така стигнуваат и провокациите и шегите од страна на фановите на двата тима.

На идеја на фановите, а во реализација на „Бличерс Рипорт“ успеаа да направат видео кое ги посочува овие два тима дека ќе разигруваат и во наредните 30 години за НБА титулата. Ова видео го насмеа целиот свет, а причината да се направи беше моментот што двата тима веќе четврта година по ред разигруваат за НБА титулата.