Путин за обвинувањата дека неговиот готвач влијаел на изборите во САД: Каков систем имате кога еден угостител може да влијае на него?

Точка

05/06/2018

12:11

4.014

Големина на фонт

а а а

Рускиот претседател Владимир Путин денес ги отфрли американските обвинувања на сметка на 13-те Руси поради наводното нивно мешање во претседателските избори во САД.

Првиот човек на Руската Федерација денес ги отфрли и ги нарече смешни американските обвинувања според кои, 13 Руси биле вмешани во претседателските избори во Соединетите Американски Држави пред две години, а посебно за Путин е смешна идејата дека тоа би можел да го стори човекот кој што е опишан како готвач.

Специјалниот истражител Роберт Милер уште во февруари го обвини Јевгениј Пригожин, богат бизнисмен кој што е наречен „Готвачот на Путин“ и уште 12 лица за наводно мешање во претседателските избори во САД во 2016-та година на кои што Доналд Трамп ја победи Хилари Клинтон.


Путин во интервјуто за австриската телевизија “ORF” ги отфрли овие обвинувања на Американците и ги нарече смешни.

„Колку западното информативно и политичко опкружување може да падне, кога еден угостител од Русија може да влијае на изборите во Соединетите Американски Држави или пак во некоја друга европска земја“, изјави Владимир Путин.


Инаку, и две години после претседателските избори во САД, трае истрагата околу вмешаноста на рускиот државен врв во изборите, односно влијанието врз гласачите преку разни политички кампањи кои што биле финансирани од Русија.

Засега иако траат бројни истраги околу поврзаноста на Русија, но и самиот Доналд Трамп во целиот скандал околу мешањето во изборите и влијанието на гласачите, сепак ФБИ и натаму нема цврсти докази околу тоа кој и дали воопшто некој влијаел на изборите.