Мицкоски не може да понуди ништо освен клевети, обвини СДСМ

Макфакс

04/06/2018

21:05

2.596

Големина на фонт

а а а

Мицкоски не може да понуди ништо освен oцрнување, клевети и враќање назад, одбраната на криминалот е неговото единствено дејствување, соопшти СДСМ. Според партијата, целото политичко дејствување на Христијан Мицкоски се заснова на одбрана на криминалот и следење на поразените политики на неговиот претходник Никола Груевски.

„ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски немаат никаква идеја, ниту план и програма, освен неосновано, лично да го оцрнуваат и клеветат Зоран Заев. Мицкоски е единствениот политичар кој сопственото обраќање на митинг бил принуден да си го дообјаснува на интервју, по неговото одржување. Мицкоски не само што не се извини за сите зла што ВМРО-ДПМНЕ им ги нанесе на граѓаните за 11 години владеење и пустошот што го направи на Македонија, туку станува промотор на погубните политики на Груевски, што беа силно поразени од граѓаните“, се вели во соопштението на владејачката партија.