Шефот на НАТО јасен: Нема да ги браниме ако ги нападне Иран!

Точка

02/06/2018

17:22

8.609

Големина на фонт

а а а

Столтенберг навел и дека НАТО не учествува во мировните напори на Блискиот исток, ниту во судирите во тој регион.

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг изјавил дека Алијансата нема да го брани Израел во случај земјата да биде нападната од Иран. 

Во коментарот кој денес го објавил германскиот весник "Spiegel", Столтенберг рекол дека Израел е партнер на НАТО, но не и земја членка на Алијансата, и дека "безбедносните гаранции" на НАТО не се применуваат на Израел.

Столтенберг навел и дека НАТО не учествува во мировните напори на Блискиот исток, ниту во судирите во тој регион, пренесува "AP".

Првиот човек на Алијансата тоа го порачал во момент на растечки тензии помеѓу Израел и Иран, забележува американската агенција.