Овој аксесоар го прослави Бела Хадид - мини фрижидер како моден детал

Точка

01/06/2018

16:00

3.083

Големина на фонт

а а а

Александар Венг и Бела Хадид само што го најавија нивното партнерство со брендот за сладолед Магнум, каде можевме да погледнеме како Бела максимално ужива во превкусниот чоколаден сладолед, кој го извади од црн кожен фрижидер.

Многумина се запрашале во тој момент каде би можеле и тие да се снабдат со пренослив фрижидер од таков вид и дали воопшто е достапен за купување. Секако дека е достапен, по цена од 995 долари. 


Инспириран од класичен игло мини плејмејт фрижидер, Александар Венг го претвори овој практичен предмет во "must have" аксесоар. Има облик на коцка, додека рачката е украсена со позлатени детали, кои играат улога на изолатор, поради која Вашите пијалаци и благи ќе останат доволно ладни.


Во вистински стил на Александар Венг, екстериерот е во целост прекриерн со црна кожа, додека логото на Магнум е суптилно испишано на двете страни. Оние кои би сакале да ја удвојат функцијата на овој модно практичен аксесоар, треба да знаат дека челичната школка можат да ја извадат и да во претворат го вистинска чанта.