Стоилковски: „Нон-пејперот“ го прикажа вистинското светло за чистата препорака

Макфакс

27/05/2018

15:21

1.149

Големина на фонт

а а а

Нон-пејперот од европските државници како меур од сапуница ги распрсна лажните надежи и ветувања до граѓаните од Зоран Заев и Радмила Шекеринска за евроатлански интеграции како велеа, најдоцна за 6 месеци, обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Нон-пејперот го прикажа вистинското светло на лажната кристално чистата препорака за отворање на европските преговори! Нон-пејперот и реакцијата на власта по него, ја покажа вистинската игра- дека оваа „ЌЕ влада“ евроатланските интеграции ги сведува само на распродажба на македонските национални и државни интереси. Нон-пејперот ги затвори устите полни со Извештајот на Рајнхард Прибе на актуелната власт! Нeма реформи, туку само партизација и злоупотреба на системот. Европската Унија гледа што се случува во Македонија и образложенијата „ВМРО е виновно за се” кои ги пласираат, веќе не минуваат. Од ЕУ чекаат реализација на реформите“, изјави на прес-конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски. 

Од опозициската партија го повторуваат ставот дека Франција, Холандија и Данска не се непријатели на Македонија и не измислуваат, тику упатените критики во нон-пејперот биле содржани и во извештајот, кои власта претходно ги игнорирала.



Спонзорирани линкови

Маркетинг