Даглас Коста со срамна објава го разлути Наполи: Ова е неприфатливо

Дерби

20/05/2018

15:30

4.513

Големина на фонт

а а а

Играчите на Јувентус во текот на вчерашниот ден и официјално ја прославија седмата последователна титула во Серија А, а наспроти активностите за време на дождливото попладне во Торино, најголем дел од првотимците на „старата дама“ беа активни и на социјалните мрежи.

Сепак една објава посебно се најде во центарот на вниманието на италијанската спортска јавност, бидејќи истата има една сензационална содржина наменета за ѕвездата на Наполи. Лоренцо Инсиње беше оној кој ги испровоцира играчите на Јуве по победата на Наполи во Торино (им порача дека се навикнати да губат финалиња), а сега доби еден брутален одговор од Даглас Коста кој сподели слика со ковчег на италијанскиот репрезентаивец на својот Инстаграм профил.

Оваа срамна слика брзо се рашири на социјалните мрежи, а големото незадоволство го искажа и Наполи со официјална објава.

– Навистина сме згрозени од срамниот и навредлив став на некои играчи на Јувентус. Тоа се сериозни гестови со кои се навредува достоинството на еден народ и на наполитанецот Инсиње. Тоа е неприфатливо, – гласи објавата на Наполи.




Спонзорирани линкови

Маркетинг