Детали од новиот масакр во американско училиште: Ова е лицето на убиецот, се предал на полицијата, а имал други планови...

Точка

19/05/2018

11:30

2.637

Големина на фонт

а а а

Ученикот кој што влегол во тексашкото средно училиште вчера по локално време и застрелал 10 лица, вклучувајќи свои соученици, планирал да го заврши нападот со самоубиство, но наместо тоа се предал на полицијата.

Учениците за американските медиуми раскажуваат дека вооружениот напаѓач отворил оган во еден клас во средното училиште во Санта Фе, а тие успеале навреме да побегнат откако некој го активирал пожарниот аларм и започнала евакуацијата.

„Не само што сакал да го изврши нападот, туку тој сакал и да изврши самоубиство после пукањето. Сепак, немал храброст за да се самоубие“, изјави гувернерот на американската сојузна држава Тексас, Грег Абот.


Уште две лица завршиле во притвор, но гувернерот не сакал да го открие нивното име, ниту пак името на напаѓачот за кој што подоцна американските медиуми открија дека најверојатно е извесен Димитриос Пагуртис.

17-годишниот Пагуртис бил Американец со грчко потекло кој што бил ученик во средното училиште каде што го извел нападот. Тој играл за училишниот рагби тим, а бил и член во хорот при локалната грчка православна црква. Неговите профили на социјалните мрежи се полни со фотографии од огнено оружје, а неодамна објавил и фотографија на која што позира со маица со натпис „Роден да убива“.




Спонзорирани линкови

Маркетинг