Пукање во тек: Напаѓач влегол на час во средно училиште во Санта Фе и почнал да пука! Полицијата ги блокирала приодите до училиштето

Точка

18/05/2018

16:41

4.023

Големина на фонт

а а а

Средно училиште во Санта Фе, САД, издало предупредување дека во тек е пукање во училишните простории.

Полицијата веднаш одговорила на пријавата и моментално голем број на полициски автомобили се наоѓаат на самото место, потврдиле локалните медиуми. 

Како што може да се види на снимката, полицијата ги блокирала сите приоди до училиштето.

Еден од сведоците за "ABC" рекол дека пукањето на кампусот се случило на час по уметност.

Исто така, еден од сведоците рекол дека го видел напаѓачот како пука во една девојка. Официјални потврди за повредени или настрадани нема.

На Твитер се појавиле фотографии од пожарни возила и возила на Итна помош кои се во околината на училиштето, како и хеликоптери кои го надлетуваат училишниот кампус.

На една од снимките од воздух се гледа дека полицијата ги претресува учениците пред паркираните школски автобуси.

Еден од родителите кој се јавил во живо во програм на ТВ "ABC", тврди дека видел барем 4 повредени. Како што рекол, тој седи во автомобилот и чека да биде соопштено во каква состојба се децата.




Спонзорирани линкови

Маркетинг