Илјада матуранти точно на пладне ќе заиграат квадрил на плоштадот „Македонија“

Макфакс

18/05/2018

11:48

959

Големина на фонт

а а а

На плоштадот „Македонија“ во 11:45 часот ќе почне традиционалната манифестација „Матурска парада 2018“, а најмалку 1.000 матуранти точно во 12 часот ќе го заиграат танцот квадрил.

„Нè радува што една манифестација што започна како интересна и благодорна идеја прерасна во традиција. Пред нас е 11. издание на манифестацијата ‘Матурска парада’ во кое очекуваме да се вклучат над 1.000 матуранти од повеќе средни училишта од Скопје, како и матуранти од Струга, Охрид, Струмица и од Гевгелија. Заедно со матурантите од Скопје и од другите градови од земјава, во петок во исто време квадрил ќе заиграат и матурантите од 10 европски држави. Нè радува што сме организатори на овој настан кој верувам дека останува длабоко врежан во сеќавањето на секој матурант. Им се заблагодарувам на поддршката на Градот Скопје и на Делегацијата на Европската унија во нашата земја“, вели Никола Глигоров, од Дирекцијата за култура и уметност.

Тодор Миладинов од танцовиот клуб „Ритам плус“ изјави дека со задоволство и успешно ја завршиле обуката на матурантите, којашто почнала од почетокот на второто полугодие и дека тие со задоволство научиле да танцуваат и салса.

Како и изминатите години учесниците на парадата - матурантите пред одигрувањето на танцот ќе положат заклетва за ненасилство заедно со своите врсници од сите држави учесници во овој настан.

Парадата на матурантите почна да се организира во 2001 година во Љубљана, а во Македонија првпат се одржа во 2007 година во Скопје и во Охрид во организација на Дирекцијата за култура и уметност на Скопје и Танцовиот спортски клуб „Ритам плус“ од Скопје.



Спонзорирани линкови

Маркетинг