Мицкоски предлага ТВ-дуелот со Заев да се одржи в среда

Макфакс

17/05/2018

17:31

2.497

Големина на фонт

а а а

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на Фејсбук објави дека е подготвен в среда во 20 часот на МРТ да се појави на ТВ-дуел со премиерот Зоран Заев.

„Подготвен сум во текот на наредната недела, в среда, во 20 часот на јавниот државен сервис Македонска Телевизија, без ракавици и апсолутно држејќи се до вистината, да се одржи дебата на која ќе разговараме за името, и не само за него, туку и за апсолутно лошата економска состојба, тешкиот живот на граѓаните, за бројните скандали и изневерените очекувања“, напиша Мицкоски.

Тој додава дека јавноста заслужува одговори, а дека тој нема што да крие.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ завчера рече дека би сакал следната средба со Заев да биде телевизиско соочување наместо во кабинет. Од Владата вчера одговорија дека премиерот во секое време е подготвен за ТВ-дуел.



Спонзорирани линкови

Маркетинг