Никогаш не е здодевно со Германецот: Клоп на необичен начин му открил на Арнолд дека ќе патува на мундијалот во Русија

Дерби

17/05/2018

19:43

2.180

Големина на фонт

а а а

Герет Саутгејт во текот на вчерашниот ден го објави списокот на фудбалери на кои ќе смета на Светското првенство во Русија, но покрај тоа што изборот на селекторот предизвика големи дебати во англиската спортска јавност, донесе и интресни приказни како онаа на Трент Александер Арнолд.

Младиот дефанзивец воодушеви со настапите за Ливерпул оваа сезона, а сега десниот бек на финалистот во Лигата на шампионите реши да открие на каков интересен начин дознал дека се нашол во конечниот список за мундијалот. Имено, во моментите кога Саутгејт го соопшти списокот, фудбалерите на Ливерпул и стручниот штаб на овој тим беше во авион на пат кон Марбелја, а Арнолд дознал за своето вметнување во списокот од страна на Јирген Клоп кој на навистина симпатичен начин му ја соопштил убавата вест.

– Во авионот пријде до мене и без некое посебно внимание ме праша дали знам нешто за списокот на селекторот. Му одговорив дека уште нема никакви вести, а потоа тој ме запраша дали имам некакви планови за летен одмор за време на Светското првенство. Му одговорив дека немам, а потоа тој ми порача: Одлично, бидејќи одиш на Светско првенство, – открива Арнолд во изјава за официјалната страна на Ливерпул.



Спонзорирани линкови

Маркетинг