Шестотини полициски приправници бараат униформа и плата

Макфакс

17/05/2018

12:58

1.543

Големина на фонт

а а а

Три месеци по положување на приправничкиот испит, над 600 полициски приправници се уште вршат приправнички работи, а од МВР и натаму не се донесени решенија за нивно вработување.

„Бараме од министерот веднаш да донесе решенија за оваа категорија вработени и да најде начин да ги обештети по основ разлика на плати и придонеси во периодот од положувањето на приправничкиот испит, до донесувањето на решение за вработување на неопределено време“, рекоа на прес-конференција од Независниот синдикат на полицијата.

Велат дека на секој приправник му се нанесува штета по околу 10.000 – 15.000 илјади денари месечно.

„Законски одредениот период за обавување на приправнички стаж од 6 месеци кој е пропишан со Законот за внатрешни работи и Колективниот договор на МВР, станува пракса да не се почитува и колегите да обавуваат приправнички стаж и по 14 месеци пред добивање решенија“, велат тие.

Освен решенијата, оваа категорија вработени се оставени од самиот почеток без никаква полициска униформа и се принудени сами да се снаоѓаат, купуваат и шијат. Испратиле писмо до министерот во јануари, но досега нема повратен одговор.



Спонзорирани линкови

Маркетинг