Вулканот на Хаваите сѐ поактивен, забранети летови во опасната зона

Макфакс

17/05/2018

10:26

981

Големина на фонт

а а а

Вулканот на Хаваите почна да „испалува проектили“ со големина на микробранова печка, пишува „Ројтерс“.

Ако продолжат да се остваруваат предвидувањата на експертите, вулканот Килауеа што исфрла лава веќе 10 дена, ќе влезе во фаза на експлозивни ерупции што ќе исфрлат огромна количина пепел и камења во воздухот. „Ројтерс“ потсетува дека ерупција од вакви размери не се памети од минатиот век.

Поради активноста на вулканот забранети се бројни летови во опасната зона, со оглед на тоа што постои голема веројатност вулканската пепел да влезе во моторите на авионите и да ги оштети.

„Се очекуваат уште експлозии и ќе бидат посилни“, велат од Американскиот геолошки институт и објаснуваат дека ваквите „огнени топки“ тешки и по неколку тони би можеле да разнесат пепел на оддалеченост од 6 километри.

Ако се реализира до крај ваквото сценарио, делот околу вулканот што веќе е покриен со ситни честички вулкански песок, ќе биде покриен со пепел, а воздухот ќе биде загаден од вулкански смог и ќе биде невозможно непречено да се дише.

Покрај вулканската активност, Хаваи посстојано го тресат и силни земјотреси.



Спонзорирани линкови

Маркетинг