Славната манекенка се појави во јавност и многумина не ја препознале: "Дури и мојот нос се здебели"

Точка

16/05/2018

15:44

4.983

Големина на фонт

а а а

Прекрасната манекенка, сопругата на Џон Леџенд и мајката на Луна многу наскоро ќе стане мајка по втор пат и тоа на момче. Но, таа се пошегува на своја сметка дека нејзината тежина и тоа како се зголемила, па дури и нејзиниот нос се променил.

Како што се наближува терминот за породување, манекенката Криси Тиген има потреба сè повеќе да ја известува јавноста за деталите околу нејзината бременоста, а особено сака кога ги советува и останатите мајки. 

Откако во месец март призна дека во првите шест месеци ја зголеми својата тежина за 17 килограми, пред неколку денови се пожали дека продолжила да ја зголемува килажата. Вели дека толку се здебелила што дури и обликот на нејзиниот нос се променил.

"Тој (носот) има свој индекс на телесна тежина", се пошегува Тиген на својот Твитер профил.

За неа е многу познато дека е отворена и искрена личност, која ги споделува и најинтимните детали од својот живот, па Криси неодамна откри дека бременоста многу влијаела и на нејзиното здравје, односно повремено ѝ крварел носот и имала отечени нозе.


Покрај тоа што се обидувала да не се појавува во јавност, односно во мир да ги поминува трудничките денови, убавата бринета конечно се појави на улиците во Лос Анџелес, а многумина не ја препознале.




Спонзорирани линкови

Маркетинг