Вулканот на Хаваи исфрли чад во висина од три и пол километри, луѓето стравуваат од отровни гасови

Макфакс

16/05/2018

11:21

1.999

Големина на фонт

а а а

Огромниот облак од пепел кој го исфрли вулканот Килауеа на Хаваите, достигнал висина од 3 и пол километри, пред целосно да обвие делови од Големиот остров.

Официјални лица предупредија жителите да останат во затворени простории, а авионите да го заобиколуваат критичното подрачје. Исто така постои и закана од нова ерупција на вулканот во оваа сојузна американска држава. Пепел паднала на локации оддалечени дури 30 километри од вулканот кој еруптираше на 3 мај и оттогаш не се смири. Во меѓувреме, лавата проголта десетици куќи и автомобили.

Source: Volcano Alerts At Highest Level As Eruption Intensifies In Hawaii by Newsy

 

Геологот и главен научник во вулканската опсерваторијата на Алјаска, Мишел Кумбс, за Си-ен-ен ги објасни актуелните случувања на Хаваи: „Во последните неколку дена бевме сведоци на подемот и падот на вулканската активност. Се чини дека системот на врвот е малку отворен, како што тоа ние го нарекуваме, па тоа го намлува притисокот. Значи, денес имаше интензивна активност, но не и голема ерупција“, изјавила таа.

Ова, сепак, не значи дека голема ерупција нема да се случи. Вулканот може да се „затвори“ како што нивото на магмата во кратерот се спушта, па долу може да се акумулира силен притисок, додава Кумбс.

Покрај пепелта која не е токсична, жителите на Големиот Остров на Хаваи треба да внимаваат и на гасот сулфур диоксид, кој може да предизвика задушување и смрт. Овој гас се шири од дури 21 пукнатина во земјата предизвикани од активниот вулкан. Официјални лица изјавија дека нивото на токсичен гас е опасно во некои места.

„Направив навистина сериозно вдишување на сулфур диоксид, покрај една од вулканските пукнатини. Сензорот кој го имав во рака свиркаше и детектираше 66 ppm честички. Не можев да дишам, а очите и белите дробови веднаш почнаа да ме печат. Тоа беа најлошите десет секунди во мојот живот“, напиша дописникот на Си-ен-ен, Скот Меклин, на Твитер.



Спонзорирани линкови

Маркетинг