Дали сѐ уште сте незадоволни од бројката која ја покажува вагата? Ослабете на природен начин за помалку од еден месец!

Точка

15/05/2018

14:08

4.163

Големина на фонт

а а а

Дознајте како да ослабете на природен начин без да применувате ригорозна диета и која е најдобрата исхрана која ќе го забрза процесот на слабеење. Откријте кои намирници да ги користите неограничено и како да си подготвите здрав појадок.

Кога сте на диета еден од најголемите предизвици е да одолеете на искушението да не грицкате ништо калорично. Најважно е да се направи разлика помеѓу психолошкиот и биолошкиот тип на глад. Сѐ што треба да направите е да го навиете вашиот биолошки часовник и да внесувате  храна во телото само тогаш кога вистински ќе чувствувате глад. Доколку сте љубители на грицките, ние ви нудиме листа на "чудотворни" намирници, кои што можете да ги јадете во неограничени количини.  

1. Целер


2. Рукола


3. Краставица



4. Јагоди

5. Диња


6. Зелена салата


7. Брокула


8. Карфиол


9. Грашок


10. Портокали

11. Боровинки


12. Малини


13. Грејпфрут


14. Алги

15. Лубеница


Заборавете на првите утрински цигари и кафе доколку сакате да се придржувате до здравиот начин на исхрана. Дали сте слушнале за изреката:"Појадувај како цар, ручај како принц, а вечерај како сиромав човек"? Држете се до оваа изрека и појадувајте 15 минути после вашето будење. Најдобро е да појадувате во 9 часот и многу е важно да не го прескокнете истиот. Оние кои што сакаат да ослабат треба да ги отфрлат крофните, пецивата, шеќерот пржената и масна храна.Млечните продукти е пожелно да ги избегнувате, но доколку преферирате млечни производи во вашата исхрана, купувајте производи исклучително со ниска масленост.Најдобар начин на слабеење е оној кој се одвива на природен начин. Здравата и правилна исхрана во комбинација со вежбање и спортски активности не може да се замени со ниту една диета. 




Спонзорирани линкови

Маркетинг