Томпсон со еден потег се откажа од цело богатство: Парите не се важни, најважно е единството на клубот

Дерби

15/05/2018

13:27

1.226

Големина на фонт

а а а

Голден Стејт Вориорс е на добар пат да го сочува тимот и хемијата благодарение на потезите од страна на управата на клубот, но и на разбирањето од страна на играчите.

Оваа информација оди во прилог на шутерот на Голден Стејт, Клеј Томпсон кој за да се зачува единството на тимот и да не се наруши победничкиот менталитет во редовите на двократниот шампион, решен е да се откаже од големата заработка што ја добива од клубот.

Томпсон во наредната година ќе заработи скоро 20 милиони долари, а ќе стави потпис на нов договор до 2023 година за сума од 100 милиони долари. Со што потврдува дека ќе се откаже од неверојатни 50 милиони, кои сигурно би ги добил доколку реши да настапува во друг тим.

Инаку рекордер во редовите на Голден Стејт е плејмекерот Стеф Кари кој минатата година стави параф на нов договор вреден 200 милиони долари.



Спонзорирани линкови

Маркетинг