Смешната Блејк Лајвли покажа што претставува за неа спортска елеганција

Точка

15/05/2018

12:47

5.068

Големина на фонт

а а а

Трендот кој неколку години ја остава јавноста во конфузија не им многу јасен и на трендсетерките. Станува збор за така наречен athleisure look, односно спортска облека во комбинација на високи потпетици, тренд кој го популаризираа сестрите Кардашијан,

Овој тренд најчесто го гледаме на славните дами додека пошироката јавноста се згрозува со таквите комбинации и едноставно им се пресмешни, а сега на сметка на овој тренд се исмеа и познатата Блејк Лајвли. 

The balloon is normal size. I’m a child’s toy.

A post shared by Blake Lively (@blakelively) on

Актерката одлучи после свечен настан, на кој носела розова тоалета од дизајнерката Џени Пекмен и жолти Лобутинки, да оди во теретана и да вежба.


"Никогаш не сум била толку добра во спортско - елегантен "аутфит", напиша глумицата на смешната фотографија која ја објави на социјалната мрежа Инстаграм, односно на Инстаграм стори.

Иако се исмеа на сметка на овој тренд, и самата Блејк на една модна ревија се појавила во спортска облека искомбинирана со елегантни црни чизми на висока потпетица.