Тринаесет сообраќајни незгоди за еден ден во Скопје

Макфакс

15/05/2018

11:57

692

Големина на фонт

а а а

Во текот на изминатиoт ден на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје се случиле 13 сообраќајни незгоди од кои шест со телесни повреди и седум со материјална штета. При сообраќајните незгоди осум лица добиле лесни телесни повреди.

Четириесет и седум возачи се санкционирани бидејќи се движеле со поголема брзина од дозволената. Исто така, исклучени се и 12 возачи бидејќи девет го управувале возилото пред да стекнат право за управување нмоторно возило и тројца го управувале возилото под дејство на алкохол. 13 возила се исклучени од сообраќај бидејќи 10 биле нерегистрирани, две технички неисправни и едно со претовар.

Четворица возачи се санкционирани бидејќи поминале крстосница на црвено светло, двајца не дале првенство на минување пешаци, двајца неправилно се престроиле и четворица не користеле заштитен шлем. Во однос на пешаците, санкционирани се двајца пешаци што поминале коловоз надвор од пешачки премин и пет кои поминале на црвено светло. Во текот на изминатиот ден издадени се 102 мандатни платни налога, а исто така 75 возила се подигнати со „пајакот“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг