Израелската армија потврди: Изведени се пет воздушни удари на Појасот Газа

Точка

14/05/2018

19:01

3.763

Големина на фонт

а а а

Од израелската армија потврдија дека денес откако избиле инцидентите на границата, военото воздухопловство извело пет воздушни напади на Појасот Газа.

Денес во Израел беше прилично тензично додека се отвораше американската амбасада во Израел, а епилогот на тоа после неколкучасовните инциденти е крвав - околу 40 убиени Палестинци и илјадници ранети.

Бригадниот генерал на израелската армија, Ронен Манелис објавил дека се нападнати кампови за обука на екстремистите на исламската организација Хамас која што е на власт во Палестина и ги предводи протестите кои што траат долж границата со Израел.


Манелис откри дека во три случаеви дошло до размена на оган помеѓу палестинските екстремисти и израелските војници. Новинската агенција "AP" открива дека денес најмалку 41 Палестинци биле убиени и над 1,800 ранети - станува збор за денот со најмногу жртви од војната која што се водеше во 2014-та година.

Денес во близина на местото каде што се наоѓа зградата на новата амбасада на САД во Еруалим истовремено протестираат стотици арапски државјани на Израел, вклучувајќи и пет пратеници од израелскиот парламент.

Сепак, улиците во околината на амбасадата биле блокирани и се наоѓаат по силно полициско обезбедување, затоа што на церемонијата на отворањето на амбасадата на САД присуствуваат високи претставници на Белата куќа, меѓу кои и ќерката на американскиот претседател Иванка Трамп.


За време на отворањето на амбасадата, преку видео линк се обрати и американскиот претседател Доналд Трамп кој што меѓу другото, порача:

„Соединетите Американски Држави секогаш ќе бидат голем пријател на Израел и партнер во постигнувањето на слободата и мирот. Му посакуваме многу среќа на амбасадорот Фридман сега кога ја превзема должноста во оваа прекрасна амбасада во Ерусалим и им подаваме рака на пријателство на Израелците, Палестинците и сите нивни соседи“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг