Масакр во појасот Газа, бројот на мртви расте од минута во минута! Хаос пред отворањето на американската амбасада во Ерусалим

Точка

14/05/2018

15:56

7.117

Големина на фонт

а а а

Министерството за здравство во Газа во понеделникот објавило дека бројот на жртви во израелскиот оган кон палестинските демонстранти во Појасот Газа пораснал на 25.

Уште 448 лица биле ранети, рекол портпаролот на министерството Ашраф ал-Куедра. 

Израелската војска објавила дека тројца Палестинци биле убиени додека се обидувале да постават бомба на жицата меѓу Газа и Израел.

Израелската војска соопштила дека на насилните демонстранти им одговара со оган и средства за растерување на луѓе, делувајќи во склад со оперативните процедури.

Војската ги удвоила своите сили во страв дека демонстрантите би можеле да ја пробијат оградата на границата.

Израелските сили убиле 45 Палестинци откако започнале демонстрациите на 30. март, соопштиле палестинските здравствени службеници, а ниедна израелска жртва не е пријавена.

Бројот на убиени предизвикал меѓународни критики, но САД, кои предизвикале лутина кај Арапите поради преселувањето на својата амбасада од Тел Авив во Ерусалим, ги повторуваат осудите до Хамас дека предизвикува насилства.

Праќајќи појачувања на границата со Газа, израелската војска фрла летоци во кои Палестинците се предупредуваат да не служат "како оружје на Хамас" и да не се доближуваат до израелската гранична ограда.

Меѓутоа, илјадници Палестинци се појавиле на пет локации на граничната линија и најмалку 28, вклучувајќи и двајца новинари, биле ранети во израелскиот оган.

Предвидено е кулминацијата на демонстрациите да биде во вторник, на Денот Накба или "Катастрофа", кога во 1948. година илјадници Палестинци биле протерани од своите домови.

Секоја година Палестинците го обележуваат 15. мај како ден на сеќавање на прогонот, а Евреите го слават како почеток на настанувањето на еврејската држава.




Спонзорирани линкови

Маркетинг