Реакциите на повлекувањето на Соединетите Американски Држави од иранскиот договор не престануваат.
Одлуката на САД да се повлечат од нуклеарниот договор со Иран е маска за сведување на политички сметки со Иран, соопштило руското министерство за надворешни работи, по одуката на претседателот Доналд Трамп.
"Одлуката која САД ја соопшти претставува уште еден доказ за неспособноста за Вашингтон да се придржува до договорот", се наведува во соопштението.
Во соопштението се додава дека таа одлука исто така демонстрира дека тврдењата на САД во врска со целосно легитимниот нуклеарен договор со Иран се само маска за сведување на политичките сметки во таа земја.
Од Кина велат дека жалат поради одлуката на САД да се повлечат од нуклеарниот договор, со што се зголемува ризикот од судир на Блискиот исток, соопштило кинеското Министерството за надворешни работи. Како што се наведува, Кина ќе се придржува до договорот и ќе ги повика сите релевантни страни да преземат одговорен став.
Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган изјавил денес дека САД ќе биде губитник поради одлуката на претседателот Доналд Трамп да го напушти нуклеарниот договор со Иран. Тој за турската "TRT Haber" телевизија, рекол дека САД не останале доследни на постигнатиот договор.