Пенс: Не е исклучена можноста за нов договор со Иран

Макфакс

09/05/2018

09:56

920

Големина на фонт

а а а

Американскиот потпретседател, Мајк Пенс, изјави дека САД можат да соработуваат со своите сојузници за да постигнат нов договор со Иран. Според него, тој нов договор би ја ограничил малигната активност на Иран и би ја спречил оваа земја да стане нуклеарна сила.

Пенс рече дека САД се повлекле од нуклеарниот договор, потпишан во 2015 година, бидејќи не можат да дозволат Иран да добие нуклеарно оружје.

Тој тврди дека сегашниот договор практично ја гарантира можноста Иран да почне со производство на нуклеарно оружје до 2025 година.

Американскиот претседател, Доналд Трамп, претходно објави дека САД се повлекуваат од нуклеарниот договор со Иран и дека повторно ќе воведат санкции од највисок степен кон оваа земја.