Страшна порака на иранските парламентарци: Со повиците "смрт за Америка" палеле американски знамиња

Точка

09/05/2018

09:40

2.090

Големина на фонт

а а а

Поради одлуката на американскиот претседател САД да се повлечат од Иранскиот нуклеарен договор, иранските пратеници палеле американски знамиња од хартија во парламентот.

Пратениците извикувале "смрт за Америка", а запалиле и хартија која симболично го претставувала нуклеарниот договор. 

Потсетуваме, Трамп вчера соопштил дека САД се повлекуваат од нуклеарниот договор со Иран и дека повторно ќе и воведат санкции на оваа држава, и тоа "на највисок степен". Трамп додал дека и други земји би можеле да бидат санкционирани.

Нуклеарниот договор со Иран, како што истакнал американскиот претседател, би требало да ги штити САД и сојузниците, но му овозможил на Иран да продолжи да збогатува ураниум. Од друга страна, генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, вели дека е длабоко загрижен поради одлуката на американскиот претседател и ги повикал останатите потписнички на тој договор да се придржуваат до своите обврски.

"Од суштинско значење е сите работи во врска со примената на планот да бидат решени преку механизми, кои се воспоставени со Заедничкиот сеопфатен акционен план. Прашањата кои не се директно поврзани со ЗСАП треба да се решат без предрасуди, за да се зачува договорот и неговите достигнувања", навел Гутереш во соопштението.

Шефицата на Европската дипломатија, Федерика Могерини вели дека ЕУ ќе продолжи да ја поддржува целосната имплементација на нуклеарниот договор со Иран. "Договорот е функционален и ја исполнува својата цел, која гарантира дека Иран не развива нуклеарно оружје. ЕУ е одлучна да го сочува", порачала Могерини.

"Нуклеарниот договор со Иран е кулминација на 12 години дипломатски активности. Тој и припаѓа на целосната меѓународна заедница", додала Могерини и истакнала дека иранскиот нуклеарен договор е "клучен за безбедноста на регионот, Европа и светот", и ја повикала меѓународната заедница да продолжи да ги исполнува обврските и да обезбеди целосна имплементација на договорот со цел заедничка безбедност.