На Блискиот исток врие: Трамп донесе одлука која што може да доведе до Светска војна!

Точка

09/05/2018

02:22

8.723

Големина на фонт

а а а

Како што се најавуваше, американскиот претседател Доналд Трамп соопшти дека САД ќе се повлечат од нуклеарниот договор со Иран и повторно ќе воведат санкции против Техеран.

Санкциите против Иран беа укинати со постигнувањето на договорот во 2015-та година. Трамп најави сега нови економски мерки на притисок врз Иран, што значи дека санкциите кои што овој пат ќе ги воведе Вашингтон ќе бидат на највисоко можно ниво.

„За неколку моменти ќе го потпишам претседателскиот меморандум за почеток на воведувањето на американските санкции против иранскиот режим. Ќе воведеме највисоко ниво на економски санкции“, порача американскиот претседател Доналд Трамп.

Трамп порача дека секоја земја која што ќе му помага на Иран во развивањето на нуклеарното оружје исто така би можела да се најде на удар на санкции на САД: „Америка нема да биде заложник на нуклеарна уцена“, порача Трамп.

„Иранскиот нуклеарен договор е ужасен, едноставен договор кој не донесе мир, ниту пак некогаш ќе донесе“, порача американскиот претседател и додаде дека поседува докази дека Иранците лажеле и имаат тајна нуклеарна програма.


Од официјален Техеран најавија дека нема да останат пасивни доколку американскиот претседател ги оствари заканите и одлучи да го напушти меѓународниот нуклеарен договор - од таму порачаа дека се подготвени и за најлошото сценарио.

„Доколку Соединетите Американски Држави започнат конфликт со Иран, ние нема да останеме пасивни“, изјави Али Шамхани, секретар на врховниот совет за национална безбедност на Иран.