Истражувањето на италијанските археолози покажало дека во гробницата на Тутанкамон нема скриени комори, соопшти египетскиот министер во неделата.
"Радарските снимки од гробницата потврдија дека нема комори, врати или скалила", рече Мустафа Вазири.
Ова ја негира теоријата дека внатре или покрај гробницата на Тутанкамон има пролази или просториите, додаде тој.
Британскиот египтолог Николас Ривс претходно рече дека деталните фотографии и снимки од северниот ѕид на гробницата укажуваат на постоењето на отвори во нова комора.
Ривс сугерираше дека би можело тоа да биде гробницата на кралицата Нефертити, сопругата на таткото на Тутанкамон, фараонот Акхенатен.
Тутанкамон беше еден од последните кралеви на 18-тата династија. Тој починал на 19 години под неразјаснети околности.
Неговата гробница која беше откриена во 1922 година е единственото откритие меѓу фараонските гробници во Долината на кралевите во Луксор поради изобилството на луксузни предмети кои се пронајдени во неа.
За разлика од повеќето други гробници, гробницата на Тутанкамон не била ограбена.