Неверојатен луксуз, визуелно и миризливо патување: Волво претстави нова дефиниција на луксуз

Точка

26/04/2018

16:56

4.302

Големина на фонт

а а а

Автомобилот S90 Ambience Concept на Волво нуди целосно уживање и лускуз каков што досега не е виден кај некој автомобил.

Шведскиот производител со новиот S90 Ambience Concept ги помести границите кога станува збор за луксузот кај автомобилите кој што не е ограничен само на материјалното, туку и ги допира и чувствата на патниците.

Покрај одличниот дизајн и напредните технологии кои што се стандард за возилата од највисока класа, овој автомобил, како што велат од Волво, носи магично и атрактивно визуелно искуство, доживување со фантастичен звук и разни опојни мириси кои што секое возење во S90 Ambience Concept ќе го направат уникатно искуство.


Заедно со S90 Ambience Concept доаѓа и специјална мобилна апликација со која што се управув со мирисите и визуелните и звучните ефекти - додека патникот е удобно сместен на задното седиште, на покривот се покажува едно од деветте сценарија.

За одличниот звук се задолжени Bowers & Wilkins звучниците, а патникот ќе може да избере еден од четирите мириси кои што се сместени во централната конзола. Звуците, мирисите, односно сценаријата се прилагодуваат на моменталното расположение на возачот и патниците - опуштеност, одмор, адреналин и слично.


Потпретседателот на Волво задолжен за одделот за дизајн, Робин Пејџ најави дека овој концепт сакаат да го имплементираат во моделите S90 Excellence кои што претежно ќе бидат наменети за кинескиот пазар.



Спонзорирани линкови

Маркетинг